Прокредит банка ќе избира најземјоделец

Bez autora
Jul 21 2013

Прокредит банка вчера соопшти дека почнал изборот на најземјоделци од пет различни категории: житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство, органско производство. Изборот ќе се врши од стручна жири-комисија составена од претставник од Банката, претставник од Земјоделскиот факултет и претставник од Федерација на фармери. А критериумите опфаќаат колку земјоделецот применува современи технологии и техники на производство, колкав е просечниот принос на производство по декар, степенот на користење обновливи извори на енергија, начинот на менаџирање на своите финансии и колку континуирано инвестира во подобрување на производството и зголемување на ефикасноста во работењето.

Прокредит банка ќе избира најземјоделецПрокредит банка вчера соопшти дека почнал изборот на најземјоделци од пет различни категории: житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство, органско производство.

Изборот ќе се врши од стручна жири-комисија составена од претставник од Банката, претставник од Земјоделскиот факултет и претставник од Федерација на фармери. А критериумите опфаќаат колку земјоделецот применува современи технологии и техники на производство, колкав е просечниот принос на производство по декар, степенот на користење обновливи извори на енергија, начинот на менаџирање на своите финансии и колку континуирано инвестира во подобрување на производството и зголемување на ефикасноста во работењето.

„Врз основа на овие критериуми ќе се изберат најпроактивните земјоделци во секоја категорија и ќе бидат наградени со наменски вредносен ваучер од 150.000 денари“, велат од Прокредит банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik